Клубовите од англиската фудбалска Премиер лига, со гласање 19-1, се одлучија за задржување на видеотехнологијата (ВАР) за следната сезона.
Вулверхемптон во мај поднесе барање за укинување на ВАР, но за да се укине, потребни беа 14 гласа од 20-те клубови од Премиер лигата. Освен Волците, никој друг не гласал за предлогот за укинување на ВАР.
Потврдени се новините дека наесен ќе биде воведен полуавтоматски офсајд и судиите ќе бидат озвучени и ќе им ги објаснуваат одлуките по ВАР на навивачите на стадионите.