5.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Премиерлигашите најмногу трошеа, француските клубови најмногу продаваа во јануари

Според извештајот на ФИФА за неодамна завршениот зимски преоден рок, забележан е рекорден број трансфери во машкиот професионален фудбал, со регистрирани над 5.900 преселби на играчи низ светот.

Тоа се 35 трансфери повеќе од ланскиот јануари, потрошени се 1,9 милијарди долари, а тоа е благ пад во однос на јануари 2025.

Најмногу пари потрошиле англиските клубови (над 360 милиони долари), втори се италијанските со 283 милиони, а трети бразилските со 180 милиони. Француските добиле најмногу пари (вкупно 218 милиони долари) за излезни трансфери. И тука Италија е втора.

Изненадување се Бразилците со дури 456 трансфери.

- Оглас -

Најнови вести