34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Премиерлигашите по секоја цена бараат сезоната да се доигра до 30 јуни

Сè повеќе екипи од Премиер лигата се согласуваат сезоната да се доигра најдоцна до 30 јуни. Нивното инсистирање се базира на договорите на фудбалерите кои истекуваат по крајот на јуни и позајмените играчи бидејќи се загрижени дека тие ќе може да ги напуштат клубовите доколку не се најде решение, односно ќе имаат право да обезбедат преселба во друг тим.

Челниците на лигата и претставници на 18-те екипи утре ќе се сретнат на состанок на којшто ќе дебатираат околу овој случај, а се тврди дека половина од екипите се согласуваат сезоната да се доигра до споменатиот датум. Секако, тоа нема да значи дека утре ќе биде донесена конечна одлука околу прекинатата сезона.

До крајот на првенството останаа уште девет кола, како што е веќе познато, Ливерпул е убедлив лидер на табелата со 82 бода, 25 повеќе од актуелниот првак Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести