Премиерлигашите повторно ќе пазаруваат до 1 септември

На денешниот состанок меѓу премиерлигашите одлучено е летниот преоден рок повторно да трае до 1 септември. Најелитното англиско првенство пред две години го смени ова правило, па клубовите можеа да пазарат играчи до почетокот на сезоната, односно до првите денови од август.

Сега се вратија на стариот формат, односно традиционално како што е во останатите лиги низ Европа. Значи, преодниот рок налето ќе се затвори на 1 септември во 18 часот.

Со смената на рокот за купување играчи во Англија се надеваа дека и останатите лиги ќе го следат нивниот пример со цел низ целиот континент трансфер-периодот да трае исто, меѓутоа нивниот експеримент не успеа.

- Оглас -

Најнови вести