Торган Азар игра одлична сезона во Бундеслигата и веќе го привлече вниманието на големите клубови. Летово според најавите на британските медиуми за него битка ќе бијат Арсенал и Ливерпул.
Азар игра одличпно за Борусија Менхенгладбах, се најавуваше трансфер во Борусија Дортмунд за 40 милиони евра, но до тоа не дојде.
Торган има 26 години, а интересно е дека може да се размине со Еден, ако пристигне во клуб од Премиерлигата. Помладиот од браќата Азар е на радарот на Реал Мадрид, па ако се остварат двата трансфери на Торган во Арсенал, или Ливерпул и на Еден во Реал, пак нема да играат во иста лига.