Фудбалерот на Фулам и репрезентативец на Србија, Александар Митровиќ, е пред трансфер во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал.
Тој најверојатно во следната сезона ќе биде соиграч со Рубен Невеш, Калиду Кулибали, но и со сонародникот Сергеј Милинковиќ – Савиќ, кои ова лето станаа нови фудбалери на Ал-Хилал.
Фулам веќе ја одби првата понуда од 30 милиони евра, но сумата нема да претставува проблем за арапите кои имаат неограничен буџет.