Викендов во Премиер лигата се играат неколку интересни натпревари и токму затоа изборот за хуманитарниот Бет билдер на Спорт Манија падна на англиското првенство, кое има фантастична квота од 110.
Бет билдерот се однесува на натпреварите кои се играат во сабота и во недела, а тука се Челзи – Евертон, Њукасл – Ипсвич, Борнумут – Манчестер јунајтед, Ливерпул – Тотенхем… а за да биде добитна квотата од 110, потребно е на сите седум меча да има најмалку по два гола, но и најмалку по осум корнери, два картони, како и да бидат упатени најмалку по осум удари во рамките на противничкиот гол.
Доколку овие комбинации излезат, нето-добивката од 93.650 денари ќе биде донирана во хуманитарни цели.