Со погодокот на Лаказет во 78-та минута Арсенал го доби малото лондонско дерби против Вест хем. Топчиите конечно се издигнаа во горниот дел од табелата со триумфот по кој имаат 40 бода.
Сепак, петте дуели кои почнаа во 16 часот разочараа, бидејќи се видоа само четири погодоци. До последните петнаесетина минути од средбите, голови имаше само на Кристал палас – Ватфорд и Шефилд јунајтед – Норвич.
Домаќините на тие две средби победија со идентични 1-0 како и Арсенал, додека Њукасл дојде до минимален триумф кај Саутхемптон со погодокот на Сент-Максимин во 79-тата минута.
Вулверхемптон и Брајтон ремизираа без голови за разочарувањето да биде големо.