Раководството на премиерлигашот Вест хем после отказот за Хулен Лопетеги, веднаш реагираше и ја најде неговата замена. Нов тренер на „чеканите“ ќе биде Греам Потер, кој се враќа во струката после пауза од речиси две години.
Потер и Вест хем потпишаа договор до летото 2027 година, а поранешниот тренер на Челзи и Брајтон ќе се обиде да го гаси пожарот и да ја подобри позицијата на табелата.
„Воодушевен сум што сум тука. Ми беше важно да ја сочекам вистинската понуда, за која сметам дека ми одговара, а секако и да му одговарам на клубот кој ќе ме ангажира. Такво чувство имам со Вест хем.“ – рече Потер.
Вест хем во моментов е на 14-тата позиција во Премиер лигата со 23 поени, односно седум повеќе од зоната за испаѓање.