Премиерлигашот го доби четвртиот тренер сезонава

Португалскиот тренер Витор Переира ќе седи на клупата на екипата на Нотингем форест до крајот на сезоната. Преира ја доби довербата да биде на чело на Шумарите, а главна цел е да се обезбеди опстанок.

Переира е четвртиот тренер кој сезонава ќе биде предводник на Нотингем. Тимот сезоната ја почна со Нуњо Еспирито Санто, а потоа на клупата беа и Анге Постекоглу и Шон Дајш. Токму Дајш доби отказ по ремито без голови против Вулверхемптон кој е најслаб тим во лигата.

Переира има искуство со работа во Англија. Минатата сезона тој беше тренер во Вулверхемптон. Претходно тој бил тренер на Фламенго, Коринтијанс, Фенербахче, Олимпијакос, Ал Ахли, Порто…

- Оглас -

Најнови вести