12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Премиерлигашот и третпат сезонава го смени тренерот

Шон Дајш повеќе не е тренер на тимот на Нотингам форест. Ова стана јасно откако Нотингам синоќа одигра без голови во дуелот против најслабиот тим во лигата, Вулверхемптон.

Нотингам играше пред своите навивачи и едноставно беше под притисок да мора да го победи ривалот кој е закован на дното на табелата само со девет бода, но не успеа. По овој освоен бод, Нотингам сега има 27 бода и е на 17-тото место, последно кое носи спас од испаѓање, но има уште многу да се игра и едноставно Шумарите воопшто не се сигурни.

Дајш е третиот тренер кој доби отказ од Нотингам сезонава, откако претходно истата судбина ги снајде и Нуњо Еспирито Санто и Анге Постекоглу. На клупата се задржа само 114 и беше предводник на тимот само на 25 меча со биланс од 10 победи, пет ремија и 10 порази.

Кога Дајш дојде на клупата, Нотингам беше во зоната за испаѓање со два бода помалку од сигурната зона, а сега кога си заминува, тимот има три бода повеќе од екипите кои се на позициите за испаѓање. Со него на чело, Нотингам се избори и за место во баражот од нокаут-фазата во Лигата на Европа, каде што следната недела ги очекува првиот од двата меча против турски Фенербахче.

 

- Оглас -

Најнови вести