0.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Премиерлигашот не сака да се вози со автобус, па се најде на удар на екологистите

Премиерлигашот Борнумт се најде на удар на британската јавност, а посебно на екологистите, откако одлучи да патува со авион и на гостувањата кои и не се така далеку.

Клубот од југот на Англија е оддалечен само 160 километри од Лондон, но на гостувањата во главниот град патуваат со авион, иако летот трае само 20 минути. Тоа ги налути екологистите кои бараа реакција и од Премиер лигата, но засега од таму молчат.

Од Борнмут до Лондон се патува за околу два часа, додека возење со автомобил во идеални услови трае околу 150 минути. Сепак, од Борнмут ваквата одлука ја објаснија со можноста да имаат повеќе време за подготовка пред натпреварите и да се заштеди време, кои во спротивно би го изгубиле во патување.

- Оглас -

Најнови вести