Премиерлигашот си има проблем: Две години нема одиграно ни минута, а заработува по 40.000 фунти неделно

Хари Артер веројатно е малку познат во светот на фудбалот, со оглед на тоа дека веќе две години нема одиграно ни минута за екипата на Нотингем форест, чиј член е.

Тој во 2020-тата година пристигна во редовите на “шумарите“ од Бурнмаут и се очекуваше да биде големо засилување на екипата, која во тој период настапуваше во Чемпионшип дивизијата. Доби неверојатно голем договор од 40.000 фунти неделно, но се покажа дека е големо разочарување и забележа само 14 настапи за Нотингем.

Клубот постојано се обидува да се ослободи од него, но 33-годишниот фудбалер не сака ниту да слушне за заминување од Нотингем форест, бидејќи и самиот е свесен дека никаде на друго место нема да добие ваков догат договор.

Тој во тригодишниот престој во Нотингем беше испраќан на позајмици во Чарлтон и Нотс Каунти, а платата му ја даваа “шумарите“. Сепак, на проблеми за Нотингем форсет ќе им дојде крајот веќе следното лето кога му истеува договорот на Артер, кој во својата кариера има и 19 настапи за репрезентацијата на Ирска.

- Оглас -

Најнови вести