Премиерлигата ги одреди термините за првите три кола, Манчестер сити – Ливерпул на 2 јули

Англиската фудбалска Премиерлига, својата прекината сезона ќе ја продолжи на 17-ти јуни, и првите три рунди треба да ја заврши до 2 јули вечерта. Во овој краток период ќе се одиграат 32 меча, а последен ќе биде дербито Манчестер сити – Ливерпул. Во Ливерпул 30 години чекаат да го кренат пехарот, а за нивен мерак, на гостувањето кај најголемиот ривал за титулата во Англија и тим кој лани за малку им ја „украде“ титулата, можеби ќе се појават како нови шампиони.

Прв меч по продолжувањето на сезоната ќе биде Астон Вила – Шефилд јунајтед на 17-ти јуни во 19 часот, а вечерта од 21.15 ќе играат Манчестер сити – Арсенал.

Премиерлигашки фудбал во наредните три кола нема да има само на 18-ти и 26-ти јуни. Најголеми дербија во овој период ќе бидат Евертон – Ливерпул (21 јуни), Челзи – Сити (25 јуни) и Сити – Ливерпул на 2 јули. За последниот меч, терминот уште не е дефиниран, но би требало да почне во 21.15 часот. Сите мечеви ќе се играат без публика.

- Оглас -

Најнови вести