Премиер лигата подготвува спектакл, ќе се гледа и по 10 часа фудбал дневно?

Доколку е вистина тоа што се пишува во британските медиуми, тогаш враќањето на Премиер лигата ќе биде вистинско уживање за љубителите на англискиот фудбал. Постои можност публиката крај малите екрани да гледа Премиер лига дури и по 10 часа дневно.

Уште не е одреден конкретен датум (се спомнуваат 19-ти и 26-ти јуни) за продолжување на сезоната која беше прекината на 9 март, а една од варијантите е за викенди да има по пет меча во сабота и недела, и тоа во термини еден по друг. Премиер лигата сака максимално да ги искористи договорите со телевизиите кои ги имаат правата. Дури и да се доигра сезоната, клубовите ќе треба на сопствениците на ТВ-правата да им платат 380 милиони евра (ако не се доигра до крај, сумата би скокнала на неверојатни 850 милиони).

Затоа се бараат секакви начини за продолжување на сезоната. За доигрување останаа уште 92 меча, најголем дел од нив ќе се играат за викенди, но постои опција да се игра и во работни денови во термините како за ЛШ, во 19 и 21 часот.

Освен за доигрување на актуелната сезона, во Англија размислуваат веќе и за следната сезона. Предлогот е новата сезона да стартува во викендот 12-13 септември. Ако ја немаше пандемијата, новата сезона ќе почнеше на 8 август, денот за кој сега се планира финалето на ФА купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести