Ќе биде нокаут тежок неколку милијарди фунти – Премиер лигата се подготвува за следна сезона без публика

Англиските елитни клубови се подготвуваат и за најлошото можно сценарио, да играат без публика и идната сезона, а тоа ќе им донесе огромни главоболки.

Според проценките на финансиските експерти, тоа би им донело вкупна загуба од неколку милијарди фунти, заедно со дупката во буџетите што им ја направи речиси двомесечниот застој и неиграње и во оваа сезона поради корона-вирусот.

Според најавите, премиерлигашите би играле пред полни трибини само доколку има вакцина против ковид-19, а се проценува дека тоа нема да се случи до средината на идната година.

Тој период се поклопува со крајот на сезоната 2020/21, па се прават подготовки за најнепосакуваното сценарио и доигрување на оваа сезона, но и на целата идна без присуство на публика.

Досега загубата се проценува на околу една милијарда фунти, што е многу, но тоа ќе се мултиплицира ако цела сезона 2020/21 се игра без навивачи на трибините.

Во таков случај би немало пари од влезници, веројатно драстично ќе се намалат и парите од ТВ-права, маркетинг, туристички посети на стадионите и дузина други стандардни приходи што 20-те клубови од Премиер лигата ги имаат во нормални услови.

- Оглас -

Најнови вести