Премиерлигата сезонава е создадена за да играте 7+

Манчестер сити покажа дека брзо го заборави поразот од градскиот ривал Манчестер јунајтед и се врати на победите. Граѓаните без никакви проблеми, со убедливи 5:2 го победи Саутемптон, во меч од Премиер лигата. Со овој триумф Сити повторно избега на 14 бода пред вториот Манчестер јунајтед и сега на уште девет кола до крајот, на Граѓаните им требаат уште 17 бода за да може и теоретски да ја обезбедат титулата и тоа во случај Црвените ѓаволи да ги победат сите до крајот.

Голеадата на стадионот на Сити започна со голот на Кевин де Брујне во 15 минута. Гостите израмнија на 1:1, но тоа реми кратко траеше, затоа што до крајот на полувремето погодија Марез и Гундоган за 3:1. Во вториот дел уште по еден гол дадоа Марез и Гундоган, а Саутемптон погоди по втор пат на мечот, па во 60 минтуа веќе беше 5:2.

Ова е 13-ти меч сезонава во Премиер лигата на кој има 7+ погодоци и сега останува само уште еден натпревар да биде со барем седум погодоци, за да се достигне рекордот во англиското првенство. Во три сезони досега имало дуели на кои имало најмалку по седум погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести