Премиерлигата со официјален став: Нема намерно играње со рака на Александер-Арнолд (Видео)

Премиерлигата веднаш излезе со соопштение, во кое се обидува да ја објасни ситуацијата што е спорна на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити, а се случи во петтата минута.

Судијата Мајкл Оливер не досуди пенал за гостите од Манчестер, по играта со рака на Трент Александер-Арнолд, а веднаш потоа Ливерпул во следниот напад поведе со 1.0.

Непосредно пред да се случи спорниот момент, се чини дека Бернардо Силва играше со рака, па топката од него по инерција го удри в рака и Александер-Арнолд. Оливер можеше да досуди играње со рака од Силва и веројатно немаше да биде ништо спорно.

Вака според соопштението на Премиерлигата, испаѓа дека бекот на Ливерпул играл ненамерно со рака.

“ВАР системот ја потврди одлуката на судијата дека Трент Александер-Арнолд не играше намерно со рака“, објавија од Премиерлигата.

Се чини дека ова дополнително ќе ги искомплицира работите на мечот на кој моментно Ливерпул веќе води со 3:0

До крајот на мечот има уште околу половина час.

- Оглас -

Најнови вести