Премиер лигата утре го објавува распоредот, мечеви ќе нема на еден датум на кој секогаш се играло

Утре претпладне англиската Премиер лига ќе го објави распоредот за претстојната сезона. Календарот веќе е познат, сезоната стартува на 6 август и ќе трае до 28 мај 2023, а поради Мундијалот во Катар, на 13 ноември првенството ќе биде прекинато.

Раководството на Премиер лигата одлучи да ги исфрли традиционалните мечеви на 28 декември за да им помогне на играчите да се одморат по Светското првенство во Катар.

Празничната програма на Премиер лигата обично вклучува мечеви на Боксинг деј (26 декември), на 28 декември и на 1 јануари. Сезонава средбите на Боксинг деј остануваат, иако тоа ќе биде само осум дена по финалето на СП во Доха.

- Оглас -

Најнови вести