Премиерлигата вечерва чека настап на првиот Кубанец

Онел Ернандес е најавен како резерва на Норич на премиерниот меч во Премиерлигата, вечерва од 21 часот против Ливерпул и ако добие шанса да влезе во игра ќе биде првиот фудбалер од Куба со настап во англиското првенство.

Ернандес има германски пасош, но е роден во Куба, во Морон и ќе има шанса веќе на „Енфилд Роуд“ да биде прв фудбалер од родната земја што настапил во Премиерлигата.

Норич ќе има тешка задача на првиот меч по кам-бекот во елитата, да се обиде да му се спротивстави на вицешамонот Ливерпул.

Ернандес е играч на Норич од 2018 година, а во двете сезони како член на популарните „канаринци“ често беше стандарден и одигра вкупно 52 натпревари со 8 постигнати голови.

 

- Оглас -

Најнови вести