Премиерот и министерот за спорт ги посетија ракометарите и им посакаа успех на Светското првенство (Фото)

Премиерот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија машката македонска ракометна репрезентација. На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.

Селекторот Кирил Лазаров во знак на благодарност на премиерот Христијан Мицкоски му подари дрес. Борко Ристовски, пак, се фотографираше со капитенот Филип Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести