23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Премиерот Конте му намигна на фудбалот – Од 18. мај на тренинг со полн погон

Премиерот на Италија Џузепе Конте даде зелено светло италијанските прволигаши да можат да тренираат со полн погон од 18. мај.

Ова е значаен напредок кон планираното продолжение на натпреварите во Серија А во Италија, што е планирано за во јуни.

Калчолигашите и сега тренираат, но играчите работат индивидуално во фудбалските комплекси на екипите од најсилната фудбалска лига во Италија.

Планирано од претходно беше на 18. мај да се продолжи со вистински тренинзи со сите играчи на терен, секако во групи од по 4-5 фудбалери, а сега потврда стаса од највисоко ниво.

Ако се биде в ред натпреварите на Чизмата ќе се играат повторно од 13. јуни, а тоа е засега провизорниот датум за продолжување на Серија А.

Ова значи дека од средината на јуни повторно во погон ќе бидат и тројцата македонски репрезентативци што играат во Калчото.

Елиф Елмас ќе бие битка со Наполи за позиции што водат во Европа Лигата, а Горан Пандев и Илија Несторовски со Џенова, односно Удинезе ќе бијат битка за опстанок во една од најдобрите пет лиги на Стариот Континент.

 

- Оглас -

Најнови вести