Премиерот Ковачевски посака среќа на репрезентацијата и вети премија од 500.000 евра за пласман на СП (ФОТО)

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски влезе во авионот непосредно пред летот на нашата фудбалска репрезентација.

Тој им посака среќа и со убави вести да се вратат од Порто од мечот против Португалија, а како дополнителен мотив ќе биде и премијата која ја вети. За пласман на Светското првенство во Катар, македонската репрезентација ќе добие премија од 500.000 евра во Владата.

Нашата селекција во овие моменти се упатува кон Пиринејскиот полуостров каде што ќе брка пласман на Светското првенство во Катар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести