Премиерот на Италија даде изјава која ќе ги разочара сите љубители на калчото

Италија беше првата земја во Европа во која се забележа присуството на Коронавирусот. Речиси два месеци Италија е во борба со опасниот вирус од кој починаа десетина илјади луѓе. Според премиерот на Италија, Џузепе Конте, мерките за претпазливост, односно за карантин во земјата, ќе се продолжат до 3 мај.

„Ги продолживме рестриктивните мерки до 3 мај. Тоа беше тешка одлука, но јас ја прифаќам одговорноста. Постојат позитивни знаци што се однесуваат на епидемијата. Мерките кои владата ги превзема сега даваат резултати. Ние сме пример за останатите земји како да се заштити здравјето на своите граѓани и не може тоа така лесно да го отфрлиме. Се надевам дека по 3 мај полека ќе почнеме одново. Сепак, мора да ги почитуваме мерките и да одржуваме социјална дистанца“, рече премиерот Конте.

Оваа одлука на Владата на Италија јадно говори дека дека во земјата нема да може да има никакви фудбалски активности барем до 4 мај Ако потоа бидат укинати овие рестриктивни мерки, клубовите ќе може да се вратат во тренажен процес и да се подготвуваат за евентуалното продолжување на првенството.

Прогнозите се дека рестартот на Серија А ќе се случи на крајот од мај или почетокот на јуни, а сезоната да заврши до крајот на јули. Сите мечеви кои евентуално би се одиграле, ќе бидат без присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести