Преодниот рок нема да почне на 1 јули, најзагрозени се позајмените играчи

Правниот директор на ФИФА, Емилио Гарсија Силверо, откри интересни нешта околу ситуацијата со фудбалерите чии договори истекуваат на 30 јуни, како и за претстојниот преоден рок.

„ФИФА не може да ги продолжи договорите по 30 јуни. Преодниот рок нема да биде како досега, играчите нема да може да бидат регистрирани веднаш после тоа. Трансфер-пазарот нема да се отвори на 1 јули. Идејата е да нема фиксни датуми, туку трансфер-периодот да заврши пред почетокот на секое првенство одделно. Ако една позајмица истекува на 30 јуни, според законите, тој играч треба да се врати во клубот во чија сопственост е. Но, бидејќи преодниот рок нема да биде почнат, тој играч нема да може да добие натпреварувачки картон. Сепак, очекуваме да се реши тоа кога ќе дојде време”, изјави Силверо.

Имаше муабети дека договорите на позајмените и играчите кои имаат договор до 30 јуни, ќе им бидат автоматски продолжени до крајот на сезоната, но Силверо не е убеден дали тоа ќе може да се оствари.

- Оглас -

Најнови вести