Преодниот рок во Топ-5 лигите е во фото-финиш, Барселона подготвува опасна трансфер-бомба

Летниот преоден рок е во фото-финиш во петте најсилни лиги во Европа, а први трансфер прозорецот ќе го затворат Германците, денеска во 18 часот. До тој рок можат да дојдат нови играчи во клубовите во Бундеслигата, а Англичаните, Шпанците и Италијанците имаат рок до полноќ.

Во Франција преодниот рок трае до утре, до 13 часот, што значи малку повеќе од еден ден за нови засилувања за клубовите од Лига 1.

Барселона е еден од клубовите што сака да се засили во последниот ден од летниот трансфер-период и има понуда за Атлетико Мадрид да го ангажира Жоао Феликс, но како позајмен играч.

Португалецот моментно е повреден, но и не ги исполни очекувањата во Атлетико, клуб што плати 126 милиони евра за него во 2019 година. Феликс дојде од Бенфика во Мадрид во четвртиот најскап трансфер на сите времиња, зад тие на Нејмар, Мбапе и Кутињо.

Барселона е во криза и ќе се обиде да го добие Феликс до денеска до полноќ како позајмен играч, а интересно е што не нуди и да го откупи неговиот договор со Атлетико, кој важи уште пет години.

Пракса во последно време е клубовите да ги позајмуваат играчите со обврска на клубот во којшто доаѓаат да го откупи договорот, најчесто по една година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести