Утре се очекува да биде официјализиран трансферот на Малик Таиво од Милан во Њукасл, а раководството на Црвено-црните не чекаше долго и веднаш ја најде неговата замена. На „Сан Сиро“ ќе пристигне 23-годишниот белгиски дефанзивец од Џенова, Кони де Винтер, а Милан за неговите услуги ќе плати 20 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Дефанзивецот се поврзуваше и со Интер, Јувентус и Борнмут, но од Милан беа најконкретни и успеаја да дојдат до неговиот потпис. Според италијанските медиуми, клубовите веќе се имаат договорено, а договорени се и личните услови со фудбалерот.
Де Винтер во моментов вреди 22 милиони евра, а Џенова го купи пред година и пол од Јувентус за осум милиони евра.