Доколку Барселона докаже дека крилото Усман Дембеле ќе паузира пет или повеќе месеци, Каталонците ќе имаат право да купат нов фудбалер иако преодниот рок е завршен. Тој нов играч не би имал право на настап во Лигата на шампионите, туку само во шпанското првенство и засилувањето може да дојде само од друг шпански клуб, а не од странски.
Талентираниот Дембеле нема среќа со повредите, повеќе е повреден отколку здрав, а клубот за него плати дури 150 милиони евра. Како потенцијална принова за Барселона се спомнуваат Стуани од Жирона, Гамеиро од Валенсија, Лорен од Бетис или Вилијан Жозе од Реал Сосиедад. Ако Барса купи нов играч, Дембеле нема да смее да игра до крајот на сезонава дури и ако закрепне побрзо од очекуваното.