Преполниот „Олимпико“ ќе ја предводи Рома до финале во Конференциската лига

6048 Рома – Лестер (Конференциска лига, 21:00 часот)

Првата средба во Англија заврши 1:1, додека на преполниот „Олимпико“, каде што се очекуваат над 70 илјади навивачи, кои се надеваат на домашен триумф, Рома треба да ги оправда очекувањата.

Тимот по деценија и пол се бори за трофеј, а предводен од Жозе Мурињо со победа против Лестер ќе го очекуваа подобриот од Олимпик Марсеј и Феенорд.

Голем хендикеп е неиграњето на Хенрих Мхитарјан, но и кај гостите под знак прашалник е одличниот Џејмс Медисон.

Предлог тип: 1 (2.21)

 

6021 Глазгов ренџерс – РБ Лајпциг (Лига на Европа, 21:00 часот)

Претставникот од Бундеслигата има минимална предност по првите 90 минути, но на „Ајброкс“ ќе сретнат атмосфера како ретко кога досега во клупската историја.

Ренџерс можеби ги нема финансиите како Лајпциг, но има верни навивачи коишто се подготвени во текот на целиот меч да дадат максимална поддршка и да му помогнат на својот тим да дојде до финале во Лигата на Европа, откако клубот во 2008 година играше тогашно финале од Купот на УЕФА.

Сепак, Лајпциг е далеку од наивен противник, но јасно е дека ќе гледаме средба со мал број погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.45)

 

6811 Олимпик Марсеј – Феенорд (Конференциска лига, 21:00 часот)

Францускиот великан ќе го дочека еден од трите најголеми холандски тимови, во меч каде што се очекуваат и голем број погодоци.

На минатата средба славеше Феенорд со 3:2 во меч со голем број пресврти, а такво нешто се очекува и на „Велодром“, каде што Олимпик ќе мора да тргне поагресивно и да нападне, а тоа знаат да го искористат гостите, кои со брзи контранапади ќе се обидат да се пласираат во финале.

Во секој случај, навистина нè очекува интересен меч, преполн со шанси и возбудувања, а се надеваме и на голем број голови.

Предлог тип: 4+ (2.45)

 

3001 Салернитана – Венеција (Серија А, 18:00 часот)

Салернитана од тим којшто беше веќе испаднат сега е во одлична позиција за и во наредната сезона да го гледаме во Серија А.

Оваа екипа има три едноподруго победи и едно реми на четирите последни средби, а со евентуален триумф денеска над Венеција, за првпат ќе излезат и од опасната зона.

На три кола до крајот, со три бода за домаќините, тие ќе стигнат до бројката од 29 бода, со што ќе го поминат Калјари. Додека, пак, Венеција игра во очајна форма и на последните пет средби има исто толку порази, со што се наоѓа на последното, 20-то место со 22 освоени бодови.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

6022 Ајнтрахт Франкфурт – Вест хем (Лига на Европа, 21:00 часот)

Германскиот тим има предност од 2:1 од гостувањето во Англија, а пред својата армија од навивачи ќе се обиде да го завери финалето во Лигата на Европа.

Ајнтрахт игра лошо сезонава во Бундеслигата, но сето тоа може да биде во втор план ако тимот се пласира во финалето од Лигата на Европа.

Иако и покрај негативата и Вест хем во голема мера се прашува за тоа кој ќе оди понатаму, па тимот од Лондон нема да излезе со „бело знаме“.

Исто така очекуваме израмнет дуел кој може да биде решен дури и по продолженија, а ние типуваме дека ќе видиме од еден до три погодоци во двете полувремиња, посебно.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)

- Оглас -

Најнови вести