Преполовена е суспензијата на Жозе Мурињо

Фудбалската федерација на Турција ја преполови суспензијата на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, на две натпревари и ја намали паричната казна, откако ја уважи жалбата на истанбулскиот клуб.

Мурињо првично беше суспендиран на четири натпревари и казнет со 44.000 долари поради изјавите за судиите по ремито со Галатасарај (0-0) во понеделникот. Федерацијата го казни португалскиот стратег за навредливи коментари кон судиите и за обвинувања за хаос во турскиот фудбал.

По жалбата на Фенербахче, суспензијата му е намалена на два натпревара, а паричната казна е намалена на нешто повеќе од 15.000 долари. Мурињо веќе го пропушти дуелот од Купот против Газијантеп, а нема да ја води екипата ниту во недела, против Анталијаспор.

Натпреварот против Галатасарај го судеше Словенецот Славко Винчиќ, по барање на двата клуба за странски арбитар. По мечот, Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, додека Фенербахче соопшти дека неговите изјави биле извадени од контекст.

- Оглас -

Најнови вести