26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Преполовениот Реал вечер чека голови од играчи кои во Мадрид не погодиле уште од 2019 година

Реал Мадрид вечерва од 21 часот ја пречекува Гранада во обид да победи и да се одлепи на шест бода во однос на второпласираната Севилја. Но, тренерот Карло Анчелоти има многу проблеми околу составот.

Нема да играат првите двајца стрелци Карим Бензема (повреда) и Винисиус (суспензија) кои даваат 61 проценти од головите на Реал сезонава во Ла Лига, ќе го нема и Ферлан Менди со кого во составот, Реал има загубено само два меча, а попладнево стигна информација дека поради стомачни проблеми ќе ги нема и Касемиро и Лукас Васкес.

Во нападот се очекува да стартува Лука Јовиќ, а можно е да заиграат и Еден Азар и Герет Бејл, кои веројатно би влегле како резерви. Јовиќ, Азар и Бејл заборавија да даваат голови во Мадрид.

Од ова трио, последниот гол на домашен терен го даде уште во октомври 2019 година, кога Јовиќ погоди во голеада против Леганес. Азар на „Сантијаго Бернабеу“ има дадено само еден гол и тоа токму против Гранада, истотака во октомври 2019. Бејл нема играно од август, а последниот гол во Мадрид го даде во март 2019 година.

Реал секако е голем фаворит, но сезонава Кралскиот клуб најголеми проблеми има со екипи од долната половина на табелата.

- Оглас -

Најнови вести