Препорака за дербито во Неапол: Јувентини останете си дома

Антонио де Лесу, човекот кој е задолжен за безбедноста во Неапол, ги охрабри навивачите на Јувентус да допатуваат во Неапол на фудбалскиот празник и дербито на Италија во недела меѓу Наполи и шампионот Јувентус.

Но, медиумите веднаш го обвинија за несериозен однос и им препорачаа на Јувентините да си седат дома.

„Иако Де Лесу лесно си ги кажува работите, ова е меч од висок ризик во Италија. За жал, органите за безбедност се однесуваат како да се работи за обична забава, без притоа да мислат за можните последици. Замислете првиот човек задолжен за безбедност во Неапол со штуро објаснување им препорачува на гостинските навивачи да не носат обележја на Јувентус. Ова е многу посериозно отколку што сакаат да го прикажат во Неапол. Видовме што се случи на мечот со Цирих во Лигата на Европа. Затоа нашата препорака е седете си дома ако сте навивач на Јувентус и со ваква организација воопшто и не доаѓајте во Неапол“, пишува новинарот Марсело Чирико.

Дербито ќе се игра во недела од 20.30 часот, а моментно Јувентус има 13 бодови предност пред Наполи на 13 кола до крајот на шампионатот.

 

- Оглас -

Најнови вести