32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Препотентниот парајлија си оди од Арсенал

Матео Гендузи не настапи за Арсенал против Саутхемптон поради инцидентот што го направи на претходниот меч со Брајтон, кога ги провоцираше противничките играчи на недостоен начин.

Гендузи го фати Мупеј за гуша, а постојано ги провоцирал фудбалерите на Брајтон со зборовите дека никогаш нема да заработат пари колку што тој има плата во Арсенал.

Ова, според британските медиуми, не е прв испад на младиот француски репрезентативец, па можно е тој и да си замине од клубот.

Заинтересирани се и Реал Мадрид и Барселона, па и Лестер, а засега ако Топчиите одлучат да го пуштат Гендузи во друг клуб, најблиску е варијантата со Кралскиот клуб.

Во Арсенал игра Дани Себалјос, како позајмен играч од Реал, па можно е да дојде до еден вид размена. Зинедин Зидан не смета на Себалјос во блиска иднина и би му го понудил на Артета како подолгорочно решение во замена за Гендузи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести