Препродавач „шитка“ билет за Црвена ѕвезда – Партизан по цена од 170 евра! (Фото)

Преписка помеѓу еден навивач кој бара и еден кој на црно нуди билет за вечерашниот кошаркарски дерби-меч од Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан беше објавена во јавноста и налути многумина.

„Тапкарошот“ бара дури 20.000 српски динари, што е 170 евра, а сезонски билет за сите домашни мечеви на Ѕвезда сезонава вредеше 12.000 динари. Цената на билет во слободна продажба беше 1.300 динари, што е 11 евра.

Интересот е голем, многумина сакаат да бидат во „Штарк арената“, но не по секоја цена.

Целиот разговор помеѓу заинтересираниот купувач и оној што нуди билет на црно течел вака:

„Продавам два билети за ниво 400, влез на северната страна.

„Мене ми треба само еден, која би била цената?

„20.000, но не е фиксна.

„20.000 или 2.000?“

„20 илјади, на ден пред мечот цените се такви, но би можел да спуштам уште, зависи колку би дал“

„Ништо тогаш, фала“.

- Оглас -

Најнови вести