Новак Ѓоковиќ со 3-0 го победи чешкиот тенисер Јири Лехечка и обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија опен, а таму ќе има дерби против Карлос Алкарас. Сепак, иако победи со максимален резултат, Србинот повторно имаше „проблеми“ со публиката, која му свиреше во текот на мечот, па Ѓоковиќ после победата одлучи да не даде интервју, што е стандардна процедура после завршувањето на натпреварите на главниот терен во Мелбурн.
Србинот го зеде микрофонот и упати само една порака до публиката: „Ви благодарам што бевте овде, што уживате во овој спорт. Ви благодарам многу“, а потоа ја зеде опремата и си замина. Тоа предизвика нервоза и на трибините, па гледачите го „поздравија“ со свирежи.
Novak Djokovic did not do a post-match interview after his win at Australian Open.
He gave a quick statement, signed some autographs, and was booed by some of the crowd as he left.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 19, 2025