4.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Преселбата на Харден на Истокот ги засени десетте меча во НБА

Џејмс Харден е трампан од Лос Анџелес клиперс во Кливленд кавалирс, а Клиперс го доби Дариус Гарланд и ова е главната вест од НБА-лигата утрово.

Харден негираше дека барал да си оди, но среќен е што ќе заигра во ист тим со Донован Мичел, тоа ќе биде супер бековски тандем, еден од најдобрите во лигата, и чувствува дека би можеле да се борат за титулата, нешто што со Клиперс потешко е остварливо. Брадата заедно со Карл Мелоун се единствените двајца кошаркари топ 10 стрелци во историјата на НБА, а немаат титула.

Во моментов лидери во своите конференции се Детроит и Оклахома сити, а и двата тима победија синоќа. Пистонс беа подобри од Денвер со 124-121 во меч на кој[to Клиповите беа многу подобри во првото, а Грутките во второто полувреме. Оклахома беше убедлива против Орландо со 128-92 и дојде до 40-тата победа сезонава. Меџик беше единствениот од 20-те тима кои играа синоќа, што не даде троцифрен број на поени.

Историја испиша Ајзеја Колиер од Јута џез, кој имаше 22 асистенции и стана најмладиот играч во историјата на НБА кој имал 20 или повеќе асистенции на еден меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести