Втората македонска фудбалска лига и официјално го доби својот 16-ти член. По откажувањето на Беса од Добридол, испразнетото место ќе го пополни Преспа од Ресен, единствената екипа од бараж-натпреварите која не успеа да обезбеди место во второлигашки ранг.
Ваквата одлука беше очекувана и долго се најавуваше, но сега е официјализирана и во Комет системот на ФФМ.
Првото коло од второлигашката конкуренција се игра на 23-ти август со почеток во 17 часот, а Преспа во првото коло ја пречекува Шкендија од Арачиново.
Ресен по цели 25 години повторно ќе гледа второлигашки фудбал, откако Преспа последен пат играше во овој ранг во сезоната 1999/2000.