Преспански договор на дело – Грција се откажа, Македонија ќе биде домаќин на квалификациите за СП

Грција се откажа од организација на женскиот ракометен квалификациски турнир за настап на Мундијалот во 2021 година, па Македонија ја искористи шансата и ќе биде домаќин во ноември уште и на селекцииите на Литванија и на Исланд.

Од нашата Ракометна федерација потврдија дека ја прифатиле организацијата на турнирот со четири селекции што ќе се игра во ноември годинава.

Според ждрепката, домаќинството првично ѝ припадна на Грција, но таа се откажа, па Македонија ќе го организира турнирот на кој двете најдобри селекции ќе обезбедат настап во бараж-мечевите на настап на Светското првенство.

Финалната рунда, односно бараж-двомечите ќе се играат во април следната година, а сега македонската репрезентација има многу поголеми шанси за пласман во таа фаза.

Светското првенство ќе се игра во Шпанија од 1 до 19 декември во 2021 година и тоа ќе биде јубилејниот 25-ти женски ракометен Мундијал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести