Престап на Вестбрук ги уништи надежите на Вашингтон против Филаделфија (Видео)

Филаделфија го победи Вашингтон со 125-118 и поведе со 1-0 во нивното источно четвртфинале на плејофот во НБА лигата. Клучна за победата на Сиксерс беше третата четвртина во која тие се одлепија, но Визардс иако постојано бркаше негатива, имаше шанса за пресврт.

Последната шанса пропадна на 37,1 секунди до крајот, кога при 121-116 за Филаделфија, Вестбрук ја зеде топката, но ја нагази аут-линијата и приликата за доближување отиде во неврат.

Вестбрук мечот го заврши со 16 поени и 15 асистенции, и беше втор најкорисен во својот тим зад Бредли Бил кој имаше 33 поени и 10 скока. Тобијас Херис со 27 и Џоел Ембид со 30 поени, беа најдобри во победничкиот тим, додека Бен Симоинс имаше по 15 скока и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести