6.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Престијани признал што му рекол на Винисиус, го чека казна од најмалку 10 меча!?

Уште не сопираат реакциите за мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид кој се играше во вторникот, а главна тема не е резултатот туку тоа што се случуваше меѓу Винисиус јуниор и Џанлука Престијани.

Мечот беше прекинат откако Винисиус се пожали дека бил навреден на расна основа од Престијани. Тоа никако нема да може да се докаже затоа што фудбалерот на Бенфика ја покри устата со дресот и не се знае што и дали нешто му дофрли на Бразилецот.

Од УЕФА отворија истрага за овој случај, а како што тврди новинарот на ЕСПН Бруно Андраде, од негови извори, Аргентинецот Престијани кога дал исказ за целиот настан, рекол дека го навредил Винисиус на „сексуална орјентација“, а не дека му рекол „мајмун“ како што тврди играчот на Реал Мадрид.

Дури и да не била навреда на расна основа туку на „сексуална ориентација“, Престијани ќе се соочи со жестока казна, затоа што во членот 14 на дисциплинските прописи на УЕФА стои:

„Секој субјект или лице на кое се променуваат овие прописи, кое го навредува човековото достоинство на лице или група лица по која било основа, вклучувајќи ја бојата на кожата, расата, религијата, етничкото потекло, полот или сексуалната ориентација, ќе биде казнет со суспензија од најмалку десет натпревари или одреден временски период, или која било друга соодветна санкција“, се наведува во прописите.

Сепак, останува да стигне официјална потврда дали и какви биле навредите упатени од Престијани кон Винисиус и со колкава казна би се соочил фудбалерот на Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести