32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Престон го доби македонското дерби во Австралија, на трибините грмеше „Македонија“ (Видео)

Денеска во рамките на првата лига на сојузната држава Викторија во Австралија се одигра македонско дерби помеѓу екипите на Престон лајонс и Алтона меџик. Победија Лавовите од Престон Македонија со 1-0, а Алтона е австралиски пандан на Вардар поради црвено-црните дресови.

Во двата тима има по неколку играчи со македонско потекло, често и тренерите им се со македонски презимиња, а и двата клуба се формирани од нашинци во Австралија, па и навивачите им се претежно Македонци.

Погледнете како фановите на Престон од Мелбурн ја славеа победата, на крајот извикувајќи „Македонија“, тие не забораваат дека во минатото клубот се викаше Престон Македонија.

- Оглас -

Најнови вести