28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Престон лајонс доаѓа во Македонија, потврдени мечеви со Вардар и Пелистер!

Австралискиот фудбалски клуб Престон лајонс кој е формиран од Македонци и за кој навиваат нашинците на тој континент, доаѓа на турнеја во Македонија.

Клубот објави дека на 15-ти септември ќе тргнат кон Македонија и тука ќе се подготвуваат за новата сезона. Закажани се контролни мечеви со Вардар на 23-ти и Пелистер на 25-ти септември, а ќе играат и во Охрид.

Лавовите ќе учествуваат и ќе волонтираат во неколку хуманитарни акции во Македонија, вклучувајќи и дистрибуција на средства во Кочани.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ дале голем допринос за да се случи оваа турнеја. Патувањето е целосно финансирано од ФФМ, спонзори, поединци, придонес од играчи, како и од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, објавија од клубот кој веќе со децении е гордост на Македонците во Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести