Пресврт: Анчелоти го откачи Бразил и ќе го води Реал на СКП, а потоа оди во Саудиска Арабија

Иако речиси беше јасно дека Карло Анчелоти на крајот од сезонава си оди од Реал Мадрид и седнува на селекторското столче на Бразил, се чини дека ништо од тоа нема да се случи. Италијанецот ниту ќе замине од Реал Мадрид, ниту ќе го преземе Бразил.

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека проблемот настанал околу парите кои Kралевите не сакаат да му ги исплатат бидејќи тие не го отпуштиле, туку тренерот одлучил сам да си замине, па сега Анчелоти се премислил и ќе остане да го води Реал Мадрид и на Светското клупско првенство.

Италијанецот веќе го информирал Фудбалскиот сојуз на Бразил за неговата одлука и сега ќе чека да биде отпуштен од Реал Мадрид за да му биде исплатен целиот договор, а тоа веројатно ќе се случи по клупскиот Мундијал во САД.

Веднаш потоа тој ќе потпише за Ал-Хилал од Саудиска Арабија, од каде што му нудат нереални 50 милиони евра по сезона, а Арапите се надеваат дека така ќе привлечат уште некој фудбалер на Кралевите, пред сè, Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести