30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Пресврт: Барселона ќе патува во Јапонија и ќе игра против Висел Кобе

Раководството на Барселона го откажа патувањето во Јапонија и мечот против Висел Кобе поради неисплатените финансии од страна на организаторот, но само неколку часа подоцна од оваа најава, се случи пресврт.

Авионот на Каталонците неколку часа подоцна ќе полета за Јапонија и мечот ќе се игра според планираното, во недела во 12 часот по европско време, откако целата договорена сума легнала на сметката на Барселона.

Актуелниот шампион на Шпанија, од Јапонија ќе патува за Јужна Кореја, каде што ќе игра и против Сеул и против Даегу откако беше објавено дека тамошниот организатор веќе ги покрил сите трошоци.

Барселона за азиската турнеја ќе инкасира 15 милиони евра, а до почетокот на Ла Лига ќе одигра и меч против Комо во рамките на „Жоан Гампер трофејот“.

- Оглас -

Најнови вести