Каталонскиот весник „Мундо депортиво“ вечерва лансира вистинска бомба, Чави Ернандес најверојатно ќе ја промени одлуката и ќе остане на клупата на Барселона и следната сезона.
Чави пред неколку недели на прес-конференција изјави дека на крајот од сезоната си заминува од Барселона, но оттогаш екипата игра сè подобро и управата предводена од Жоан Лапорта се обидуваше да го убеди да ја промени одлуката, а според „Мундо депортиво“ тоа конечно и успеало денеска.
Извор близок до управата на Барселона, за весникот тврди дека Чави и следната сезона ќе ја води Барселона, а Лапорта како „подарок“ ќе му го донесе најголемиот светски талент, Месињо, кој игра за Палмеирас.
За 16-годишниот Месињо се заинтересирани буквално сите европски гиганти, но предноста на Барселона е тоа што сон на младиот Бразилец е да го облече дресот на каталонскиот тим.