Сагата околу Џанлуиџи Донарума добива пресврт. Според последните информации од Франција, кои се повикуваат на неговите агенти, голманот ќе остане во ПСЖ и ќе се бори за место меѓу стативите.
Договорот на италијанскиот голман со Светците истекува следното лето, па раководството на ПСЖ инсистира да го продаде откако преговорите за продолжување на договорот не вродија со плод.
Камен на сопнување е платата на Донарума, кој не сака да му биде намалена, а раководството на ПСЖ нема намера да му ја исплаќа таа сума.
Неколку екипи се споменуваа како можна дестинација, но сега лесно може да се случи Италијанецот да остане, а следното лето да си замине како слободен играч.