Душан Влаховиќ оваа сезона постигна шест гола за Јувентус во 690 минути, колку што мина во игра. Сепак, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона и тој налето ќе може да си замине како слободен фудбалер.
Интерес за неговите услуги има од Барселона и Манчестер јунајтед, кои гледаат шанса да добијат одличен напаѓач бесплатно. Сепак, можно е да се случи пресврт. Од Јувентус најавуваат дека Србинот прифатил повторно да разговара за продолжување на договорот, но колку ќе бидат успешни новите преговори, останува да покаже времето.
Влаховиќ во моментов заработува 12 милиони евра годишно и токму тоа беше најголемиот проблем за продолжување на договорот. Старата дама му нудеше пониска плата, а Србинот не сакаше ниту да слушне за намалување.
Сепак, и оваа сезона покажа дека Влаховиќ е значајна алка за Јувентус, иако неговата вредност во моментов е „само“ 35 милиони евра, а беше платен над 83 милиони евра.

