28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Пресврт: Езе беше пред портите на Тотенхем, но ќе потпише за Арсенал!

Репрезентативецот на Англија и член на Кристал палас, Еберечи Езе, одлучи да потпише за Арсенал, а не за Тотенхем како што се очекуваше. Пресвртот се случи во последен момент, а Топчиите ја добија првата битка со градскиот ривал, иако сезонава уште немаат одиграно меѓусебен натпревар.

Трансферот на Езе од Кристал палас во Арсенал ќе чини 70 милиони евра. Медицинските прегледи се закажани за петок, а Езе ќе биде дел од составот на Кристал палас на мечот од плејофот за Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести