Пресврт: Интер се откажа од Дибала

Интер ги прекина преговорите со агентот на Пауло Дибала. Главен проблем е високата плата која ја бара претставникот на Аргентинецот за да се случи големиот трансфер на „Џузепе Меаца“.

Сумата од 7 милиони евра по сезона се чини како превисока за Нераѕурите, а ниту еден друг клуб не ни помислува да ги исполни овие услови.

Додека не се најде компромис, односно Дибала не ги намали очекувањата, Интер нема да го добие посакуваното засилување. Во клубот веќе извесно време се подготвуваат да го пречекаат досегашниот офанзивец на Јувентус, но сега е прашање дали воопшто ќе се случи тоа.

- Оглас -

Најнови вести