Веќе неколку дена италијанските медиуми пишуваа дека Антонио Конте налето седнува на клупата на актуелниот шампион на Италија, Наполи. Тој дури и во живо го следеше дуелот на Торино и Наполи и даваше изјави за медиумите, но сега следува комплетен пресврт.
Неофицијално, Конте ги договорил сите детали со раководството на Милан и налето седнува на клупата на тимот од „Сан Сиро“. Ова е голема шлаканица за Наполи, кој сезонава игра катастрофална и прашање е дали воопшто ќе успее да обезбеди пласман во европските купови.
Антонио Конте е без ангажман од март минатата година, кога го напушти Тотенхем.